ХС "Лисиче" ќе раководи со езерото Младост

Bez autora
Aug 03 2011

Хидросистемот Лисиче ќе стопанисува со езерото Младост кај Велес. Ваква одлука донесе Владата на Република Македонија. Под надлежност на јавното претпријатие ќе биде водниот фонд, браната и системот за наводнување на лозовите, овошните и градинарските насади. Hивни експерти најпрво ќе направат целосна анализа на моменталната состојба на езерото, а потоа ќе бидат санирани сите недостатоци. На овој начин езерото Младост ќе биде заштитено од бесправното користење на водата од сопствениците на лозовите насади и од загадување. Земјоделците кои ќе ја користат водата за наводнување, сега ќе мораат да склучат договори со јавното претпријатие и истата да ја платат. Конечно ќе се стави ред на езерото со оваа одлука. Покрај тоа што ќе се користи за наводнување, со мерките што ќе ги преземеме ќе стане уште попримамливо место за одмор и рекреација не само на велешани, туку и на се поголемиот број домашни и странски туристи.

ХС Хидросистемот Лисиче ќе стопанисува со езерото Младост кај Велес. Ваква одлука донесе Владата на Република Македонија. Под надлежност на јавното претпријатие ќе биде водниот фонд, браната и системот за наводнување на лозовите, овошните и градинарските насади.

Директорот на хидросистемот Ацо Петров вели дека нивни експерти најпрво ќе направат целосна анализа на моменталната состојба на езерото, а потоа ќе бидат санирани сите недостатоци. На овој начин езерото Младост ќе биде заштитено од бесправното користење на водата од сопствениците на лозовите насади и од загадување. Земјоделците кои ќе ја користат водата за наводнување, сега ќе мораат да склучат договори со јавното претпријатие и истата да ја платат.

- Конечно ќе се стави ред на езерото со оваа одлука. Покрај тоа што ќе се користи за наводнување, со мерките што ќе ги преземеме ќе стане уште попримамливо место за одмор и рекреација не само на велешани, туку и на се поголемиот број домашни и странски туристи - рече Петров.

Јавното претпријатие Лисиче, има обврска да ја провери состојбата во која се наоѓа системот за испуштање на водата, кој се наоѓа во долниот дел на браната, да ја испита статиката на бетонската брана но и на мостот над браната, како и да го доведе во целосен ред системот за наводнување од пумпата до лозовите насади.

Езерото Младост е со должина од два километри, а широко 420 метри, и со вкупна зафатнина од три милиони метри кубни вода.

Проблемот со полнењето на езерото во најскоро време ќе биде решен. Во тек е изградба на цевковод во должина од осум километри. Досега, од цевководот, во близина на филтер-станицата, се изградени два километри. Со овој зафат не само што езерото ќе се полни со чиста планинска вода од браната Лисиче, туку ќе овозможи и наводнување на уште 800 хектари плодно земјиште.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik